Насилството во САД ескалира – ранети двајца агенти на ФБИ
Двајца агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) се повредени утрово во една куќа во северен Сент Луис. Агентите биле ангажирани во акција во врска со едно лице кое се забарикадирало во куќата и во оружена престрелка се здобиле со повреди.
Повредите не се опасни по живот, но засега нема офгицијални информации дали инцидентот е директно поврзан со насилните протести во предградието на Сент Луис, Фергусон, поттикнати од расно незадоволство заради судска одлука.
Над 2000 војници на Националната гарда на САД беа распоредени во Фергусон ноќеска во обид да се превенираат нови инциденти на насилство, откако судот одлучи да не покренува постапка против полицаец - белец, кој во август уби невооружен тинејџер со афроамериканско потекло.
Сепак, во разни делови од градот чести се истрели и оружени инциденти, а ситуацијата тешко се контролира. Незадоволни граѓани палат објекти и автомобили, кршат излози, ограбуваат продавници.
Во последните две ноќи на насилство има околу 2000 повредени, а 110 лица се уапсени.
Слично
