Насилство, протести и блокирани стадиони во Бразил
Повеќе од 10 илјади демонстранти од Бразил попладнево се упатија кон фудбалскиот стадион во Форталеза каде ќе се игра натпреварот меѓу Бразил и Мексико и го попречија простапот. Тие уште еднаш ги повторија своите барања повеќе пари да се трошат на образование и здравје, наместо за СП 2014.
Претходно над 50 илјади демонстранти излегоа низбразилските улици и протестираа против власта, која се смета за високо корумпирана и против неразумното трошење.
Вечерва Бразил игра против Мексико на арената „Ново Кастелао“ во Форталеза. Изграбата на стадионот чинеше 240 милиони долари. Демонстранти раегираат поради тоа што милијади долари се потрошени за изградба на стадиони за потребите на Светското првенство во 2014 година, наместо средствата да влезат во здравствениот и образовниот систем на Бразил.
И фудбалските репрезентативци на Бразил ги поддржаа граѓаните.
„Откако ги видов снимките од протестите, посакав да им се придружам на граѓаните. Луѓето ја прават вистинската работа. Тоа што го зборуваат има смисла и мораме да ги слушаме. Состојбата во Бразил мора да се поправи, тоа сите го знаеме“, изјавил напаѓачот Хулк.
„Народот има право да го каже тоа што го мисли. Тоа е единствениот начин да се сврти вниманието кон она што е лошо. Не живеам во Бразил, но си ја сакам татковината. Бразилците ја сакаат својата земја и затоа дојде до протестите“, дололува одбранбениот фудбалер на Челзи Давид Луиз.
Протестите се шират
Протестите започнаа поради поскапување на автобуските билети во Бразил. Властите во најмалку четири града се согласија да ги вратат старите цени на билетите, но не е познато дали тоа ќе ги смири луѓето во земјата, затоа што протестите на Бразилците се и заради нивната тешка борба за преживување.
Масовните протести минатата недела се проширија во повеќе места во Бразил, предизвикани од лошиот кавалитет на јавниот транспорт и поскапувањето на билетите за патување од 10 проценти.
Претседателот на Бразил, Дилма Русеф, вчера изјавила дека масовните протести се легитимен повик за подобра јавна служба и поодговорна влада, на сите нивоа и дека на тој начин се зацврстила бразилската демократија.
Претходните денови на улиците на бразилските градови излегоа околу 240.000 луѓе, а дојде и до жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Слично
