НАСИЛНИЦИТЕ ПОСИЛНИ ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА - за жртвите од семејно насилство Британија ќе даде 76 милиони фунти
Дури 76 милиони фунти или околу 87,5 милиони евра вети дека ќе издвои британската Влада за поддршка на оние „во домашен кошмар“ , како што се нарекуваат жртвите на семејно насилство за време на мерките поради пандемијата.
Министерот за домување, заедници и локална самоуправа Роберт Џенрик објавил дека парите ќе одат за ранливите деца, жртви на семејно насилство и робовите на денешното време.
Со средствата ќе се обезбеди безбедно сместување за жртвите на насилство и за нивните деца, како и ангажирање дополнителни експерти за семејно насилство, пренесува Би-Би-Си.
Обединетите нации предупредија на крајот на април дека рестриктивните мерки поради коронавирусот може да доведат до 20 проценти зголемено семејно насилство затоа што жртвите се затворени со нивните насилници, нарекувајќи ги „сенките на пандемијата“.
