Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Загинаа шест луѓе

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Загинаа шест луѓе

Во главниот град на Зимбабве, Хараре во немирите загинаа шест луѓе, информираше полицијата. 

До протести дојде откако владејачката партија ЗАНУ-ПФ објави дека освоила најмногу места во парламентот на изборите, со што се зацврстува патот до победата на нејзиниот кандидат Емерсон Мнангагва на претседателските избори, кои заедно беа одржани во понеделникот.

Но, брзо потоа се организираа протести, на кои поддржувачите на опозицијата се судрија со полицијата, што резултираше со жртви. Лидерот на опозицијата Нелсон Чамиса од Движењето за демократски промени, денеска изјави дека тој е победник на претседателксите избори, а тоа го знае и самиот Мнангагва. И поради тоа, како што кажа, засега не се објавени резултатите. Ги повика поддржувачите да ги почекаат резултатите од неговата победа и тогаш да почне масовната веселба.

Ова се први избори во Зимбабве, по симнувањето од власт на Роберт Мугабе, кој беше претседател цели 30 години.

Слично

Поврзани вести