НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ: Нови жртви во Багдад
Насилни протести и жртви имаше денеска во Ирак.
Шест антивладини демонстранти се убиени, а 38 се повредени откако безбедносните сили пукаа врз нив во Багдад. Престрелката се случила во близина на мостот Шухада.
Протести има во Багдад и јужните провинции на државата. Тие се продолжување на демонстрациите организирани поради економско незадоволство во почетокот на октомври.
Од 1-ви октомври во низа региони ширум Ирак започнаа протести против лошите животни услови, растот на невработеноста и корупцијата на политичките елити. На протестите во Багдад, како и во јужните и северните покраина, демонстрантите бараа оставка од владата. Но, набрзо првично мирните протести ексалираа во судири со полицијата и војската. Во текот судирите досега загинале најмалку 260 луѓе, а повеќе од 11.000 се повредени.
