Насилни напади врз Украинците: Гранати убија две деца
Пет цивили, меѓу нив две деца, загинале кога украинските сили го гранатирале градот Горловка, на југоистокот од Украина, соопштува Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република. Судири имало и во Доњецк , па во артилериски напад на овој град се оштетени градинка, болница и осум куќи, соопштила прес службата на локалната администрација.
Две деца и три жени загинале во гранатирањето на Горловка, потврден е и бројот на жртвите.
Како што е соопштено претходно, гранатите го погодиле и Доњецк.
Во изминативе 24 часа, населбата Кујбишевски и Киевски биле мета на силното гранатирање - рекле претставници.
Во населбата Кујбишевски, гранатите погодиле градинка, болница и три куќи. Уште пет куќи се оштетени во населбата Киевски, од кои четири се запалени.
Гранатите паднале и на кругот на компанијата Томаш и на печатница.
