Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАШЛЕ СПАС НА РАЈСКИ ОСТРОВ: Избегале од војната и се населиле на омиленото место на богатите Корејци

НАШЛЕ СПАС НА РАЈСКИ ОСТРОВ: Избегале од војната и се населиле на омиленото место на богатите Корејци

Војната во Јемен довела до големо раселување на луѓето во последните три години, а над стотина бегалци преминале 8000 километри за да дојдат до безбедно место и тоа ја јужнокорејски остров.

Островот Џеџу , популарна туристичка дестинација недалеку од бреговите на копнениот дел на Јужна Кореја со привлечни пејзажи, привлекло неочекувани гости.


Токму поради слободниот влез на островот секоја година привлекува стотици илјади туристи. Сепак, доаѓањето на нова група луѓе целосно ја изненадил Јужна Кореја.

„Избегавме од војната, не сакаме да не убијат. Овде дојдовме во мир да побараме подобар живот, да бидеме безбедни“, рекол еден од 500 бегалци од Јемен кои се населиле на островот Џеџу.


Како што рекол. Јужна Кореја е една од земјите во кои може да се влезе без виза и која прифаќа бегалци. Јеменците го искористиле попуштањето на државата кога коалцијата предводена од Саудиска Арабија дозволила пристап како би се доставила хуманитарна помош. Отворените граници биле идеална прилика да се напушти земјата, од каде поминале 800 км за да стигнат до Јужна Кореја.

Околу 550 луѓе од Јемен поднеле барање за азил на островот во првата половина на 2018та, а локалната влада им помага да пронајдат работа на рибарски фарми и ресторани.

На некои Јеменци им е гарантирана работата, можат да заработат пари за храна и засолниште. Работата која ја добиле им помага додека траат процесите на обработка на нивните барања за азил.

Слично

Поврзани вести