Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нашите родители се закопани овде, нашите деца одат на училиште – зошто да бегаме, велат браќата Кличко

Нашите родители се закопани овде, нашите деца одат на училиште – зошто да бегаме, велат браќата Кличко

Не, Киев е мојот дом. Нашите родители се закопани овде, нашите деца одат на училиште – зошто да бегаме?“, рече Владимир Кличко, братот на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко за BBC кога ги прашаа него и брат му дали се во искушение да го напуштат Киев.

Браќата Кличко порачаа дека градот денес е мирен, но дека Русија продолжува да напредува.

„Тенковите се движат од Белорусија во Киев… од север и исток со повеќе војници. Денес овде беше малку тивко – нема гранатирање како вчера, но очекуваме да почне повторно“, додаде тој.

Виталиј Кличко вели дека сите треба да помогнат во одбраната на Украина, нарекувајќи го нападот војна против демократијата.

„Ни треба поддршка од целиот свет. Ова е предизвик за целото модерно општество“, рече тој. 

Градоначалникот Кличко рече дека се грижи за критичната инфраструктура во Киев, како што се гасот и струјата. Тој ги повика луѓето да не веруваат во руската пропаганда. Руските трупи уништија многу објекти во повеќе украински градови. Русите и Украинците војуваат веќе седум дена. 

Слично

Поврзани вести