Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАШИОТ КОМАНДАНТ СО НАСМЕВКА ВОЗИ ЗАРОБЕН РУСКИ ТЕНК“: Украинската армија објави видео за бранителот на Харков

„НАШИОТ КОМАНДАНТ СО НАСМЕВКА ВОЗИ ЗАРОБЕН РУСКИ ТЕНК“: Украинската армија објави видео за бранителот на Харков

Украинската армија објави видео на својот официјален профил на Твитер за кое тврди дека го прикажува Павло Федошенко, командант на 92-та механизирана бригада, како со насмевка на лицето вози заробен руски тенк.

Во видеото се наведува дека Федошенко „лично“ го заробил рускиот тенк, односно станува збор за тенк Т-90, главен руски борбен тенк од третата генерација.

Ова не е прв тенк заробен од Украинците за време на неодамнешните молскавични контранапади на југот и североистокот на земјата. Во последните неколку недели, повеќе руски тенкови Т-72 и Т-80 беа додадени во украинскиот арсенал.

Видеото го објавија и повеќе светски медиуми, меѓу кои и британски The Sun.



Слично

Поврзани вести