Економија, финансии, бизнис

Контакт

Населението на Земјата старее со невидена брзина

Населението на Земјата старее со невидена брзина

Бројот на луѓето на возраст од 65 и повеќе години се очекува да се зголеми повеќе од двојно до 2050 година, покажа истражувањето на САД.

Населението на Земјата старее со невиденa брзина од 8,5 отсто - или повеќе од 600 милиони сега се на возраст од 65 и повеќе години, се вели во извештај на американското Биро за попис.

Ако овој тренд продолжи, до 2050 година речиси 17% од населението во светот, или 1,6 милијарди луѓе, ќе бидат на возраст над 65 години.

До 2050 година глобалниот животен век се очекува да се зголеми речиси осум години, од 68,6 години во 2015 година до 76,2 години, се вели во студијата.

Населението од стари луѓе - на возраст од 80 и повеќе години - се очекува да се утрои во периодот меѓу 2015 и 2050 година, имено од 126 500 000 ќе се зголеми на 446 600 000.

„Луѓето живеат подолго, но тоа не мора да значи дека тие се здрави“, вели Ричард Ходес, директор на Националниот институт за стареење на населението (NIA), која го нарачала истражувањето „Еден свет што старее: 2015“

„Зголемувањето на постарото население претставува многу можности, а исто така и неколку предизвици на јавното здравје, за кои ние треба да се подготвиме“, додава тој.

„NIA учествува во пописот, за да се обезбедат најдобрите можни податоци, така што можеме да го разбереме подобро времето и последиците од стареењето на населението“, се вели во извештајот.

Слично

Поврзани вести