НАСЕДНАА НА ИЗМАМА: Новите ајфони ги изгореа во микробранова рерна!
На социјалните мрежи се прошири вест дека новиот iOS8, вграден во најновите модели на Ајфон, овозможува телефонот да се полни во микробранова рерна.
Некој навистина се потрудил за оваа измам да успее, па направил и летоци, кои многу потсетуваат на досегашните упатства на Епл, во кои се објаснува на кој начин, благодарение на новиот оперативен систем, батеријата на овој „паметен“ телефон може да се наполни за само 90 секунди во микробранова.
Многумина поверуваа во ова, а некои дури и ја пробаа ваквата „можност“. За жал, на крајот заклучија дека „новиот софтвер“ не функционира, па останаа без скапите и долгоочекувани телефони.
Сепак, некои ја признаа грешката и за својата наивност се „пофалија“ на социјалните мрежи:
Слично
