Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСА утре ја лансира „Артемис II“, првата мисија со екипаж кон Месечината по 53 години

НАСА утре ја лансира „Артемис II“, првата мисија со екипаж кон Месечината по 53 години

Хјустон, 31 март 2026

НАСА е во завршна фаза од подготовките за лансирањето на „Артемис II“, мисија што треба да стане прв лет со човечки екипаж кон Месечината по последната мисија од програмата „Аполо“ во 1972 година. Полетувањето е планирано за 1 април, а станува збор за нов голем чекор во американската лунарна програма.

Во рамки на мисијата, четворица астронаути, тројца од САД и еден од Канада, ќе патуваат со капсулата „Орион“, која во вселената ќе ја понесе ракетата „Спејс лаунч систем“. Мисијата ќе трае околу 10 дена и вклучува обиколување на Месечината и враќање на Земјата, без слетување на нејзината површина.

„Артемис II“ е првата мисија од програмата „Артемис“ со екипаж и има клучна улога во тестирањето на системите за идните подлабоки мисии во вселената. НАСА со оваа програма има цел повторно да воспостави редовно човечко присуство во близина на Месечината и да отвори пат за следните лунарни експедиции.

Со оваа мисија, САД повторно ја ставаат Месечината во центарот на својата вселенска стратегија, во време кога расте глобалната конкуренција, особено од Кина. Официјално, САД остануваат единствената држава што досега испратила луѓе на површината на Месечината, со шест успешни слетувања во рамки на програмата „Аполо“.


Слично

Поврзани вести