Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСА: Суша на Блискиот Исток

НАСА: Суша на Блискиот Исток

Количеството на вода за пиење во повеќе реони на Блискиот Исток е намалено поради неправилна употреба и зголемените потреби, како и последица од сушата во 2007 година, се наведува во извештајот на НАСА.

- Обемот на намаленото количество на вода за пиење е еднакво на обемот на вода во Мртво Море,  се истакнуав во извештајот, кој ќе биде објавен в петок во најновиот број на билтенот „Проучување на водените ресурси“ на Американскиот геофизички институт.

Во истражувањето се анализираат податоците добиени од 2003 година од двата сателита, кои имаат апаратура за гравитациско мерење.

- Водата за пиење во некои делови на Турција, на Сирија, на Ирак и на Иран покрај реките Тигар и Еуфрат е намалена за вкупно 144 километри кубни. Околу 60 проценти од загубите се поради испумпување на вода од подземните извори. Околу 20 отсто од загубите се поради сушата, каде спаѓаат и помалите површини под снег, се истакнува во извештајот

Слично

Поврзани вести