Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСА по трет пат го одложи полетувањето на Артемис1

НАСА по трет пат го одложи полетувањето на Артемис1

НАСА по трет пат го одложи лансирањето на Артемис1 на Месечината. Распоредот на програмата е загрозен - Ракетата ќе се врати во „гаражата“

Оправдувањето е дека се очекува регионот на Флорида да биде погоден од ураганот Иан во следните неколку часа.

Тоа е трет пат да се откаже лансирањето, што го загрозува целокупниот распоред на мисијата, како што изјавија претставници на програмата.

Сега, ракетата ќе биде преместена назад во својата база и не е јасно кога ќе биде одреден новиот датум за лансирање, по третиот неуспешен обид.

Можен датум за мисијата на Месечината беше 4 октомври, но враќањето на ракетата во „гаражата“ ќе потрае неколку дена и сличен период, доколку дозволат условите, ќе биде потребен за да се врати на лансирната рампа.

ARTEMIS 1 е првата фаза од планот за враќање на луѓето на Месечината по 1972 година.


Слично

Поврзани вести