Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСА: Астронаутите нема да се гладни, две други мисии тргнуваат кон Вселенската станица!

НАСА: Астронаутите нема да се гладни, две други мисии тргнуваат кон Вселенската станица!
Две мисии до крајот на годината ќе ги направат потребните испораки на храна и опрема за Меѓународната вселенска станица , што требаше да ги направи ракетата „Антарес“ која експлодира вчера. Веќе денеска руско летало Сојуз полета од Казахстан со опрема и храна за Вселенската станица. До декември, друга приватна компанија Спејс X ќе тргне кон Вселенската станица со дополнителна храна и инструмент за мерење на загадувањето. Дури и ако овие мисии се изјаловат, астронаутите имаат доволно залихи да поминат без проблем до крајот на годината, објавуваат од НАСА. „Станицата е во одлична состојба, екипажот се чувствува одлично“, вели Мајк Суфредини менаџер за Меѓународната вселенска станица во НАСА. Американската вселенска агенција има потпишано договор со приватната компанија „Орбитал Сајансес“ вреден 1,9 милијарди долари за снабдување на Меѓународната вселенска станица со сите потребни залихи. Од оваа компанија беше и ракетата со беспилотна капсула која експлодираше вчера. (ВИДЕО) НАСА: Екслодираната ракета носеше храна за астронаутите!
Слично

Поврзани вести