Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСА: Астероид на 2 ноември ќе помине крај Земјата

НАСА: Астероид на 2 ноември ќе помине крај Земјата

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на 2 ноември астероид ќе мине крај планетата Земја. 

Како што се наведува, дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1“, е малку помал од два метра и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало. 

Си-Ен-Ен посочува дека интересен факт е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори воСАД, кои се потресени од ефектите од пандемијата на коронавирусот, граѓански немири и длабоки политички поделби. 

Експертите од НАСА, меѓутоа, пресметале дека проценетата веројатност астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.

Слично

Поврзани вести