Народната банка на Кипар може да биде ликвидирана денеска
Втората по големина банка во Кипар – Народната банка може да биде ликвидирана уште денеска, изјави во Брисел австриската министерка за финансии Марија Фектер.
– Ликвидирањето на банката може да се случи уште денеска, бидејќи таа воопшто не е ликвидна, изјави Фектер пред еврогрупата.
Според министерката, прифаќањето на планот за спас на Кипар треба да врати доверба во стабилноста на еврозоната.
Најголемата кипарска банка – Банк од Сајпрус треба да биде преструктуирана. Како резултат на договорот, Кипар ќе добие меѓународна финансиска помош од 10 милијарди евра од ММФ и од Европскиот фонд за финансиска стабилност и тоа ќе ја оттргне заканата од банкрот на државата.
Слично
