Нарко картели се пресметуваат за превласт на пазарот со едно познато овошје
Крвава војна има меѓу мексиканските картели за авокадо.
Ова овошје повеќе се исплатува од кокаинот, па затоа мексиканските нарко картели се борат едни со други за превласт на пазарот на авокадо.
Цената постојано расте и неговиот извоз не е нелегален на европските и американските пазари.
Последниот биланс од борбата меѓу нарко картелите се 19 искасапени тела обесени во градот Уруапан во покраината Микоачан. Од овој регион доаѓа 80 проценти од вкупното количество на авокадо за американскиот пазар. Само лани во битката меѓу картелите во Мексико се убиени 35.964 лица.
Побарувачката во САД и во Европа за ова овошје е многу голема.
За само една година цената на мексиканското авокадо порасна за 129 проценти, а тропските горештини и сушата дополнително ги зголемија цените.
Ако на почетокот на годината 11 килограми авокадо чинеле 66 долари во Калифорнија , сега нивната цена е 110 долари.
