Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАРИШКИН: Русија е блиску до постигнување на своите цели во Украина

НАРИШКИН: Русија е блиску до постигнување на своите цели во Украина

Русија тврди дека е блиску до постигнување на целите во војната во Украина. 

Шефот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин денеска изјави дека Русија е блиску до постигнување на своите цели во Украина, а Москва, како што додаде, ја има стратешката иницијатива во сите области на војната. Според него, ситуацијата на фронтот не му оди во корист на Киев.  Тврди дека украинските сили се на работ на колапс.  Наришкин додаде дека за Русија, украинскиот претседател Володимир Зеленски го изгубил својот легитимитет и „способност да преговара“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека му рекол на американскиот колега Доналд Трамп, дека рускиот лидер Владимир Путин се плаши од него. 

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести