Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАРАЧКА НА УБИСТВО ЗА ПОМАЛКУ ОД 100 ЕВРА: Што покажува најновото истражување, во ЈАР има по 82 убиства дневно

НАРАЧКА НА УБИСТВО ЗА ПОМАЛКУ ОД 100 ЕВРА: Што покажува најновото истражување, во ЈАР има по 82 убиства дневно

Ослободувањето од неподносливиот сопруг е релативно евтино во Јужноафриканската Република, но политичките убиства се поскапи. Ангажирањето на платен убиец чини меѓу 145 и 8.700 американски долари (од 135 до 8.200 евра), според криминалните истраги, во земја каде егзекуциите повторно се под лупа на јавноста по убиството на популарниот рапер.

Еден од најпопуларните музичари во земјата, Кирнан Форбс, познат како АКА, беше застрелан и убиен пред ресторан во Дурбан на почетокот на овој месец. Форбс (35) е убиен вечерта со својот пријател Тебело Моцоане познат како Тибз (41) додека се приближувале кон својот автомобил на еден од најфреквентните патишта во градот.

Инцидентот ја шокираше нацијата навикната на криминал и насилство. Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот. Убиството на Форбс беше забележано на безбедносните камери и стана вирално на Интернет.

На видеото се гледа како човек со бела капа го поминува патот и поминува покрај паркиран автомобил. Тој му приоѓа на пејачот одзади на тротоарот, пука од непосредна близина, а потоа бега. Полицијата соопшти дека истражува повеќе сомнителни траги, но сè укажува на целно убиство. Се уште никој не е уапсен.

„Лесно“ убиство

Според последниот годишен полициски извештај, само секое петто убиство во таа земја е расветлено. Податоците објавени во февруари покажаа дека од октомври до декември во ЈАР се случувале во просек по 82 убиства дневно, при што многу убијци сè уште не се откриени.

„Малку убиства од платеници завршуваат на суд, а кога завршуваат, убиецот често е „убиен“, вели Мери де Хас, експерт за политичко насилство во провинцијата Ква Зулу-Натал, каде што се наоѓа Дурбан.

Тоа го прави елиминирањето на некого да изгледа „прилично лесно“, рече таа. Не е познато колку чинеше убиството на Форбс. Но, колку е попозната целта, толку е поголема цената на убиството, наведува извештајот од 2021 година на Швајцарската глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести