НАПРЕДНИ МОБИЛНИ РАКЕТНИ ФРЛАЧИ, ГРАНАТИ, ВОЗИЛА - Украина се пофали со новото американско оружје вредно 725 милиони долари
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на Твитер објави што ќе биде вклучено во новиот пакет за американска воена помош од 725 милиони долари одобрен од претседателот Џо Бајден. Тоа е последен во серијата пакети за воена помош чија вкупна вредност досега изнесува 17 милијарди долари.
Пакетот на тој начин ќе вклучува ракети за напредни мобилни повеќецевни ракетни фрлачи од типот ХИМАРС, десетици илјади артилериски гранати, 200 повеќенаменски возила и повеќе од 2 милиони куршуми.
Слично
