Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направија план: 10 милиони нови работни места за една година!

Направија план: 10 милиони нови работни места за една година!
Десет милиони нови работни места и економски раст од 7,5% - ова е целта на Кина за годинава. Ваков заклучок бил донесен на седницата на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, а пред 2.900 делегати кинескиот премиер Ли Кечијанг како еден од приоритетите вети и жестока борба против корупцијата на сите нивоа на власта. „Нулта стапка на толеранција за корупција, за корумпирани функционери. Кина е држава со владеење на правото! Не е важно за кого станува збор и на каква позиција е, ако ја прекрши партиската дисциплина и законите на оваа земја ќе биде казнет бидејќи сите се исти пред законот“, додаде Кечијанг, кој не наведе повеќе детали за тоа како има намера да ја реализира амбициозната економска агенда.
Слично

Поврзани вести