Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПРАВЕНА Е ВАКЦИНАТА КОЈА ШТИТИ 100%: Научниците од оваа земја се пофалија со успехот

НАПРАВЕНА Е ВАКЦИНАТА КОЈА ШТИТИ 100%: Научниците од оваа земја се пофалија со успехот

Кубанската вакцина Абдала против корона вирусот покажала во текот на третата фаза на тестирање дека 100% штити од тешки форми на инфекција, објави агенцијата Пренса Латина, повикувајќи се на извори од производителот.

- Податоците за ефикасноста се веќе добиени на крајот од третата фаза на клиничкото испитување на „Абдала“. Резултатите се одлични - агенцијата ги цитира зборовите на директорката на Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, и производител на вакцини, Марта Ајале.

Таа додаде дека групата на која се тестира ефикасноста на вакцината ќе се зголеми на 300.000 луѓе.

Претходно, Центарот за државна контрола на лекови, опрема и медицински инструменти на Куба ја одобри употребата на оваа вакцина, откако во втората половина на јуни, Куба објави дека го завршила клиничкото тестирање на препаратот, чијашто ефикасност била 92,28 проценти.


Слично

Поврзани вести