Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПРАВЕНА Е АНКЕТА: Дали Гренланѓаните сакаат да бидат дел од САД?

НАПРАВЕНА Е АНКЕТА: Дали Гренланѓаните сакаат да бидат дел од САД?

Мнозинството од жителите на Гренланд се против спојување со САД. Анкета покажа дека 85 отсто од жителите на Гренланд не сакаат да бидат дел од САД.

Податокот го објави данскиот весник Берлингске, а пренесе Ројтерс. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Гренланд е од витално значење за безбедноста на САД и дека Данска треба да се откаже од контролата на стратешки важниот остров.

Истражувањето покажало дека само 6 отсто од граѓаните на Гренланд се за да станат дел од САД, а 9 отсто се неопределени.

Данска во понеделникот соопшти дека ќе потроши 14,6 милијарди круни, односно околу 2 милијарди долари за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот.

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, кој ги засили напорите за независност, во неколку изјави порача дека островот не е на продажба и дека неговиот народ ќе одлучи за својата иднина. И во 2019 година, Трамп покажа интерес за купување на Гренланд. 

Данска бара поддршка од европските земји поради намерите на Трамп кон островот. 

Слично

Поврзани вести