Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТОСТА ВО УКРАИНА РАСТЕ: Семејствата на македонски дипломати се враќаат, на пратениците им е забрането заминување од земјата

НАПНАТОСТА ВО УКРАИНА РАСТЕ: Семејствата на македонски дипломати се враќаат, на пратениците им е забрането заминување од земјата

Поради Украина, односите меѓу Русија и Западот се најзатегнати од Студената војна

Соединетите Американски Држави се подготвуваат да го повлечат целиот персонал од Киев во следните 24 до 48 часа, јавува CBS News, повикувајќи се на три извори.

Не се наведува дали тоа значи дека персоналот ќе ја напушти Украина.

Стејт департментот во саботата нареди персоналот на американската амбасада во Киев, кој не извршува итни задачи, да ја напушти Украина поради, како што се наведува, постојаните извештаи за акумулација на руската армија на границата.

Онлајн весникот „Украинска правда“ вчера објави, повикувајќи се на неименуван американски дипломатски извор, дека преостанатиот дипломатски персонал од американската амбасада во Украина ќе работи од западниот украински град Лавов.

Јапонците исто така се повлекуваат

Јапонската амбасада во Киев соопшти дека најголемиот дел од нејзиниот персонал ќе ја напушти Украина бидејќи тензиите рапидно растат поради потенцијалната инвазија на Русија, пренесува јапонската агенција Кјодо.

Јапонските граѓани во Украина добија совет да ја напуштат земјата веднаш во петокот и беа информирани преку е-пошта од амбасадата дека нејзината функција дополнително ќе биде ограничена од понеделник, бидејќи „само неколку“ членови на персоналот ќе останат во земјата.

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши во саботата на новинарите на Хаваите, по трипартитните разговори со министрите за надворешни работи на САД и Јужна Кореја, изјави дека од Јапонците во Украина било побарано да се евакуираат „веднаш и на најбезбеден начин“.

– Се очекува бројот на вработени во амбасадата во Украина да се намали на помалку од десет – изјави денеска претставник на јапонската влада.

Во соопштението, јапонската амбасада се повика на извештаите во медиумите цитирајќи коментар на висок американски функционер кој рече дека руската инвазија би можела да започне за време на тековните Зимски олимписки игри во Пекинг.

Официјален Вашингтон веќе им нареди на своите граѓани да се евакуираат од Украина.

На пратениците им е забрането да ја напуштат државата

Вадим Рабинович, пратеник на украинската Рада од партијата „Опозициска платформа - за живот“, изјави дека на украинските парламентарци им е забрането да ја напуштат земјата.

– На пратениците на Врховната Рада им е забрането да ја напуштат Украина – напиша Рабиновиќ на Фејсбук.

Претходно, Александар Качура, пратеник на партијата Слуга на народот на претседателот Владимир Зеленски, изјави дека на членовите на неговата партија во Рада им било препорачано да не ја напуштаат земјата, пренесе РИА Новости.

Поради Украина, односите меѓу Русија и Западот се најзатегнати од Студената војна.

Западот тврди дека Русија може да ја „нападне“ Украина во секое време, додека Москва ги отфрла тие обвинувања и нагласува дека ги брани сопствените безбедносни интереси бидејќи НАТО се приближил до нејзините граници.

Македонските дипломати засега остануваат во Киев, но нивните семејства се враќаат во Македонија.


Foto: fripik


Слично

Поврзани вести