Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТОСТА РАСТЕ: Германија и Холандија ги запираат воените обуки во Ирак

НАПНАТОСТА РАСТЕ: Германија и Холандија ги запираат воените обуки во Ирак

Германија привремено ја прекинува воената обука во Ирак, а истото го стори и Холандија. 

Државата донесе одлука за прекин на обуката на ирачките вооружени сили од страна на германски инструктори, поради зголемувањето на тензиите во регионот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Берлин.

Министерството објасни дека ваквата одлука е донесена затоа што Германија има одредени сознанија дека постои ризик од напади поддржани од Иран.

Сепак, Министерството нагласува дека ова не значи целосно откажување на обуките, тука само нивни привремен прекин и дека тие ќе продолжат во иднина.

Германскиот магазин „Фокус Онлајн“ информира дека Берлин ја донел ваквата одлука во координација со државите сојузнички од коалицијата за борба против џихадистичката група Исламска држава (ИД). сп

Холандија се приклучува на Германија и ги сопира мисиите во Ирак поради безбедносни закани.

Персоналот на холандската војска во соработка со другите странски трупи помагал во обуката на ирачките сили во Ербил на северот на Ирак, пренесува "Reuters". Во извештајот нема повеќе детали за ваквата одлука на Холандија.

Администрацијата во Вашингтон претходно издала итна наредба која се однесува на американскиот персонал во Ирак, веднаш да се повлече.

Стејт департментот соопштил и дека оваа, последна одлука, има врска со растот на тензиите во Иран.

Кувајт одлучил да ја стави својата војска во приправност на највисоко ниво поради тензиите во регионот, додека од Кремљ велат дека со загриженост го следат развојот на настаните меѓу САД и Иран.

Слично

Поврзани вести