Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТО ВО БРИСЕЛ: Денес прва средба на НАТО и Русија и покрај тензиите

НАПНАТО ВО БРИСЕЛ: Денес прва средба на НАТО и Русија и покрај тензиите

Во Брисел денеска ќе биде одржан состанок на Советот на НАТО и Русија и покрај тензиите поради украинската криза и инцидентите помеѓу војската на САД и Русија на Балтичкото море.

Ова ќе биде прв официјален Совет од 2014 година , на ниво на амбасадори после избивањето на украинската криза.

НАТО ги прекина контактите со Русија во знак на протест поради приспојувањето на полуостровот Крим и офанзивите на проруските бунтовници на истокот на Украина.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, изјави дека на самитот ќе бидат разгледани и неодамнешните воени активности на Балтичкото море.

„Инцидентите минатата година на Балтичкото море, каде руските авиони непрофесионално и опасно му се приближија на еден американски брод и авион, го нагласуваат значењето од отворени воени комуникации“, изјавил Столтенберг.

На дневен ред ќе биде и ституацијата во Авганистан, опасноста од терористички напади и други безбедносни прашања.

Слично

Поврзани вести