Напаѓачот во Минесота - студент, работел како телохранител
Maжот кој во саботата вечерта нападна со нож луѓе во американската држава Минесота, учел на колеџ и работел со скратено работно време како телохранител.
Во гимназија бил одличен и во досието имал само налог за мало сообраќајно прекршување, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на властите.
Сепак во саботата Дахир Адана, претставник на локалната сомалиска заедница, прободел 10 лица во трговски центар во градот Сент Калуд, пред да биде застрелан од полицаец кој не бил на работа.
Засега нема многу информации за 20 годишниот Адана и уште не е познато дали тој бил радикализиран. Групата „Исламска држава" сепак ја презеде одговорноста за нападот и властите ги испитуваат нападот како потенцијален терористички акт.
Адана отишол во трговскиот центар за да купи iPhone.
Во Минесота живее голема сомалиска заедница и ако овој напад се докаже дека е терористички чин, тоа ќе биде прв ваков акт извршен од Сомалиец.
