Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАЃАЧОТ ВО ГРАЦ ОСТАВИЛ И ПРОШТАЛНО ПИСМО: Две од жртвите се од Босна

НАПАЃАЧОТ ВО ГРАЦ ОСТАВИЛ И ПРОШТАЛНО ПИСМО: Две од жртвите се од Босна

Полицијата пронашла проштално писмо на  Артур А.(21), кој утрово во Грац го изврши најсмртоносниот напад во Австрија по Втората светска војна. Според медиумите, во писмото пишал дека се чувствувал малтретиран. Уште една жена почина во болница од здобиените повреди, со што бројот на загинати се зголеми на 11, вклучувајќи го напаѓачот, кој извршил самоубиство во тоалетот на училиштето. Како што пишуваат босанските медиуми, две од жртвите се од Босна и Херцеговина(БиХ). Информацијата за Klix.ba ја потврди имамот на конгрегацијата „Бошњак“ во Грац, хафиз Сабахудин Хасиќ.

Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека напаѓачот, инаку австриски државјанин, бил поранешен ученик во училиштето, но се отпишал и никогаш не матурирал. Карнер додаде дека тој делувал сам и имал дозвола за поседување оружје. Во нападот користел пиштол и сачмарка.

„Засега можеме само да шпекулираме за неговите мотиви. Целата ситуација и натаму е доста нејасна“, рече Карнер.

Претходно беше објавено дека 12 лица се примени во болница, од кои две биле во критична состојба.

Австрија прогласи три дена национална жалост. Државата ја има една од највисоките стапки на поседување огнено оружје во светот, со 30 парчиња оружје на 100 жители. Во изминатите години се случија неколку тешки инциденти со пукање во земјата. Во 1997 беа убиени шест луѓе во градот Маутерндорф, а во нападот во Виена во 2020 имаше четири жртви.

foto EPA

Слично

Поврзани вести