Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот од Виена, во Австрија дошол за време на мигрантска криза

Напаѓачот од Виена, во Австрија дошол за време на мигрантска криза

Авганистанецот кој во средата вечерта со нож прободе четири лица во Виена, во Австрија е дојден како бегалец во 2015 година за време на мигрантската криза.

Џафар С. (23) за време на сослушувањето во полицијата ја признал вината за нападот.

Една од жртвите, по нападот се уште се наоѓа во животна опасност.

Џафар и бил познат на полицијата од претходно, бидејќи, веднаш штом пристигнал во Австрија како бегалец, тој почнал да ги прекршува законите. Тој бил и осуден за уште неколку злосторства во врска со наркотици.

Против него биле поднесени повеќе извештаи за предизвикување телесни повреди, но судењето за овие случаи никогаш не се случило бидејќи тој "исчезнал" и живеел на илеален начин. Џафар до сега требаше да биде протеран, но тој остана во Австрија,   криејки се од власта.

За време на приведувањето тој во него имал два ножа. За време на сослушувањето, признал дека нападнал семејство кое излегувало од ресторан "затоа што бил во лошо и агресивно расположение", и бидејќи бил "бесен поради неговата животна ситуација".

Властите велат дека Џафар нема да може да побегне овој пат.


Слично

Поврзани вести