Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот од Париз рекол дека ќе умре за Алах?

Напаѓачот од Париз рекол дека ќе умре за Алах?

Радикалниот муслиман кој вчера нападна војници на парискиот аеродром Орли носел канта безин и викал дека „ќе умре за Алах“, објави парискиот обвинител, Франсоа Молан.

Војниците кои биле сведоци на нападот, велат дека тој вперил воздушен пиштол во главата на војничката и викнал: „Фрлете го оружјето. Ставете ги рацете зад главата. Тука сум за да умрам за Алах. Вака или онака, ќе има мртви“.

Но, тие пукале и го убиле напаѓачот кого Молан го идентификуваше како Зеид бен Балгаце. Обвинителот соопшти дека во поврзаност со инцидентот се уапсени три лица.

Молан рече дека е отворена терористичка истрага, поради изборот на метата и доказите дека Белгацем бил радикализиран.

Беноа Брулон, портпаролот на француските антитерористички сили, изјави дека војничката е во добра состојба.

Во разговор за телевизијата БФМ тој откри дека припадничката на воздушбите десантни сили паднала на подот додека се борела со својот напаѓач.

Полицијата ги привела братот и таткото на напаѓачот, соопштија судски извори, истакнувајќи дека тоа е рутина во вакви ситуации.

Западниот терминал на аеродромот Орли повторно бил отворен вчера попладне, а јужниот терминал каде што се случил нападот е делумно затворен. 

Слично

Поврзани вести