Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАЃАЧОТ ОД БЕРЛИН: Имал повеќе имиња, бил на „црната“ листа на САД и што уште?

НАПАЃАЧОТ ОД БЕРЛИН: Имал повеќе имиња, бил на „црната“ листа на САД и што уште?

Главниот осомничен за нападот со камион на Божиќниот базар во Берлин, Тунижанецот Анис Амри, истражувал на интернет како се прават експлозивни уреди и воспоставил врска со „Исламска држава", објави весникот „Њујорк тајмс". 

Весникот се повикува на американски функционер, кој побарал да остане анонимен.

24-годишниот маж се поврзал со екстремистичката организација и бил во американската листа на луѓе кои не треба да бидат примени на летови до САД. Се смета дека Амри, кој користел неколку имиња и требало да биде депортиран, избегал од Божиќниот базар во Берлин, каде што во понеделникот вечерта со камион уби 12 лица и рани 48 луѓе, а 14 од нив уште се во критична состојба.

Меѓу март и септември тој бил под надзор, а сомнежите  се дека планирал да украде пари за да купи автоматско оружје и најверојатно, да извршат напад со луѓе кои требало да ги привлече за соучесници. Следењето сепак не ги дало потребните докази за да бидат покренати обвиненија. 


Слично

Поврзани вести