Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот на конгресменот во САД е политички активист против Трамп

Напаѓачот на конгресменот во САД е политички активист против Трамп

Џејмс Т. Хоџкинс е напаѓачот кој пукаше во републиканскиот конгресмен Стив Скалис за време на безбол тренинг во Вирџинија. Белата куќа откри дека Хоџкинс бил политички активист и дека ги предводел анти-Трамп протестите по неговиот избор за претседател. Претходно бил активен и во изборната кампања на Берни Сендерс кој се кандидираше кај демократите но, загуби од Хилари Клинтон во примарните избори.

Хоџкинс откако отворил оган и во колкот го погодил конгресменот Скалис се втурнал и во престрелка со полицијата која му нанела смртоносни рани. Конгресменот е во стабилна состојба.

Засега мотивите за нападот се непознати, но се претпоставува дека станува збор за политичка нетрпеливост. Сенаторот Сендерс исто така го осуди нападот и со жалење констатираше дека воопшто не поддржува никакви акти на насилство.


Слично

Поврзани вести