НАПАЃАЧ СО АВТОМОБИЛ УДРИ ВО ЛУЃЕ ВО ФРАНЦИЈА: Има повредени, дел се критични
Десетмина се повредени во нападот со автомобил во Франција.
Од нив четворица се во критична состојба, по утрнискиот инцидент кога маж со автомобил намерно влета во група граѓани на францускиот остров Олерон. Автомобилот е целосно уништен.
„Сепак, мотивот не е потврден и истрагата ќе треба да утврди“, изјави јавниот обвинител на Ле Рошел Арно Ларез, посочувајќи дека е отворена истрага за обид за убиство.
Неколку минути по нападот, мажот е приведен без отпор од жандармеријата додека се обидувал да го запали своето возило.
Во автомобилот се пронајдени боци со гас, а возилото било само делумно запалено. Напаѓачот го однесоа во жандармериската бригада на Сен Пјер Долерон.
Министерот за внатрешни работи, Лоренс Нуњез, објави на платформата „Икс“ дека лично ќе оди на местото на настанот.
