Напаѓачот од возот во Германија бил фанатик -мислел ќе отиде во рај
Напаѓачот од возот во Германија бил религиозен фанатик, а нападот го извршил надевајќи се дека ќе отиде на небото.
Религиозен фанатик бил 17-годишниот авганистански бегалец, кој во завчера нападна со секира и нож патници во германски воз и рани шестмина од нив. Дека бил фанатик покажува исламското знаме најдено при претрес во неговиот дом, но и дневникот кој го пишувал.
„Татко мој, моли се за мене, за да се одмаздам на овие неверници и да се најдам на небото"- напишал малолетниот терорист во дневникот.
На некои страници се нацртани симболите на терористичката организација „Исламска држава".
Момчето дошло во Германија како бегалец, а потоа е примено во згрижувачко семејство.
Слично
