Напаѓачот од Швајцарија и една жртва починаа
Почина една жена повредена синоќа во нападот во воз во Швајцарија, а почина и напаѓачот кој ги избоде луѓето.
Жената на возраст од 34 години им подлегна на повредите, а уште три жртви се во критична состојба. Во нападот беа повредени седум луѓе. Мажот прво нападнал со нож, а потоа подметнал пожар во возот. Се работи за швајцарски државјанин, кој исто така починал од изгорениците од пожарот.
Полицијата соопшти дека не постојат индикации дека 27-годишниот маж имал какви било врски со терористички организации. Нападот се случил во близина на границата со Лихтенштајн. Напаѓачот немал криминално досие.
Слично
