Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот Мухамед Лауеј Булел од Ница имал и други дела

Напаѓачот Мухамед Лауеј Булел од Ница имал и други дела

Терористот Мухамед Лауеј Булел кој синоќа со камион  во Ница прегази над  84 луѓе е познат на полицијата.

Французинот со потекло од Тунис на возраст од 31 година е познат на француските власти по мали дела, но не бил на листата на лица поврзани со терористи, пишува Гардијан. Тој од претходно има дела поврзани со крадење и насилство, но не бил на листата на луѓе на француските разузнавачки служби, осомничени за врски со тероризмот.                

Претседателот на Франција,  Франсоа Оланд нападот го оцени како терористички чин, иако ниту една група досега не ја презеде одговорноста за масакрот. На интернет веќе има пораки и фотографии од социјалните мрежи, каде што членовите на „Исламска држава“ слават за нападот. Истрагата за  нападот ја презеде Француската антитерористичка служба.

Инаку, „портпаролот” на Исламската држава Абу Мухамед ал-Аднан уште во 2014 година ги повика приврзаниците на ИСИС да извршат напади на идентичен начин како што го направи овој возач, објави Би-Би-Си.

По нападот во Ница во Франција е прогласена тридневна жалост.

Слично

Поврзани вести