„НАПАДОТ НА ПУТИН ЌЕ БИДЕ СТРАШЕН И БЕЗ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ-БРИТАНИЈА ГО ОТКРИ БОРБЕНИОТ ПЛАН НА МОСКВА: Се очекува крвав конфликт
Се тврди дека
рускиот претседател, Владимир Путин ќе нареди страшен напад без никакво
предупредување.
Владимир Путин дефинитивно се подготвува да ја нападне Украина и конфликтот ќе биде „страшен“, тврдат извори од британски високи фигури. Британскиот парламент сега е уверен дека рускиот претседател ќе даде зелено светло на војниците да ја преминат границата, а Министерството за одбрана го открива борбениот план на Москва.
Високи фигури во британската влада, наводно, не верувале дека Кремљ ќе започне напад на почетокот на оваа недела, како што предупредија американските разузнавачки служби. Но, како што се тврди, работите драстично се промениле за неколку часа.
Британското министерство за одбрана објави извештај во кој го претстави борбениот план на поранешниот моќник на КГБ, откако Белата куќа предупреди за напад со хемиско оружје под лажно знаме. Американскиот претседател Џо Бајден ги повлече сите војници од Централна и Источна Европа.
„Тој ќе го направи тоа, и ќе биде страшно“, изјави извор за Тајмс.
Во извештајот на Министерството за одбрана се вели дека руската армија на северната граница на Украина „директно му се заканува на Киев“, анализирајќи неколку начини на кои војниците на Кремљ би можеле да освојат голем дел од источната страна на земјата.
„Сите информации што ги имаме сугерираат дека Русија може да планира инвазија на Украина во секое време без дополнително предупредување“, изјави портпаролот на британската влада.
епак, се уште постои можност за деескалација и претседателот Путин да се повлече и да избегне крвава и непотребна војна. Одлуката на Министерството за одбрана да објави видео во кое се открива стратегијата за напад на Путин, вклучително и нејзината „оска на напредок“, е дел од британската „информативна војна“ за поткопување на Москва и целосно спречување војна.
Проруските сепаратисти, кои со години војуваат со Украина, втор ден по ред изјавија дека се под минофрлачки и артилериски оган од украинските сили. Киев и бунтовниците меѓусебно се обвинуваат за ескалација на тензиите по артилериските и минофрлачки напади.
INTELLIGENCE UPDATE: Russia retains a significant military presence that can conduct an invasion without further warning.
— Ministry of Defence (@DefenceHQ) February 17, 2022
Below demonstrates President Putin's possible axis of invasion. He still can choose to prevent conflict and preserve peace. pic.twitter.com/QHRM1wNwJG
