Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападот е најдобра одбрана – САД ја критикува економијата на Германија!

Нападот е најдобра одбрана – САД ја критикува економијата на Германија!
Во екот на напнатите односи меѓу Вашингтон и Берлин, поради аферата со НСА , додека некои германски официјални лица размислуваат да го донесат Сноуден од Русија како сведок за американската шпионажа, администрацијата на Обама одлучи да се движи по примерот на  "нападот е најдобра одбрана" – поради што се претставени голем број на критики на сметка на германската економија. Во најновиот извештај, американското Министерство за финансии ја критикува  Германија задржување на  голем трговски суфицит во Еврозоната, како и за ограничениот раст на домашната побарувачка. Се наведува германската економска политика се заканува на целата еврозона и глобалното економско заздравување. Сепак критики од ваков тип од Америка кон германската економија не се вообичаени. Во извештајот, кој беше претставен на американскиот Конгрес се наведува дека: "германскиот анемичен раст на домашната побарувачка и зависноста од увозот му наштетиле на ребалансот во време кога многу земји во еврозоната се под голем притисок да ги зауздаат побарувачката и намалувањето на увозот." Според извештајот, германскиот трговски суфицит е поголем од Кинескиот, поради што се бара од најголемата економија во Европа да направат повеќе во однос на ребалансирање на растот на континентот. Со ова , според извештајот на САД, би се овозможило пазарите да го зголемат извозот и до другите европски економии. Во суштина, се бара поголема домашна побарувачка во Германија за да се “урамнотежи“ ситуацијата во Еврозоната. Од Германија пак веднаш беа одбиени критиките од САД, истакнувајќи дека ситуацијата е токму спротивното и кризата  во Еврозоната  би била уште поголема ако не силната германската економија. Ова не е ништо ново за сите кои ги следат економските случувања во еврозоната. За многумина од сега е јасно дека Германија има корист од актуелната криза и како економијата во еврозоната не води до зајакнување на целата зона. Што е далеку поинтересно во овој извештај е фактот дека САД, кои многу често ја  критикуваат Кина, досега не и има  дадено таква критика на Германија.  Колку придонес во ова има аферата со шпиумирањето. Сепак доволно е јасно дека бараат барем делумно да се одвлече вниманието од фактот дека налутија  многу внатрешни  актери во Германија, иако Ангела Меркел - барем за сега - сеуште им е лојален сојузник. Поточно, германски Der Spiegel оваа недела објави напис под наслов, "Деликатниот танц на  Меркел околу шпионските обвинувања" - весникот истакнува дека Меркел, и покрај фактот дека очигледно била жртва на американски надзор "не сака ниту да  слушне" за можно отфрлање на американско-европски трговски договор. Колку долго Меркел ќе успее да го одржува овој “деликатен танц “ ќе покаже времето, но очигледно е дека периодот на игнорирање на скандалот е завршен, бидејќи Германија сака сериозна реформа на односите со САД поради аферата. К. К
Слично

Поврзани вести