НАПАДНАТИ СЕ АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ИРАК И ВО СИРИЈА: ЕУ стравува -конфликтот ќе се прелее во регионот
Западните власти предупредуваат дека опасноста од регионално
„прелевање“ од војната меѓу Израел и Хамас е реална, откако американските сили
во регионот се соочија со зголемени закани, а американските бази во Ирак и
Сирија постојано беа цел на напади со беспилотни летала.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ризикот од регионално прелевање на војната меѓу Израел и Хамас е „реален“. Говорејќи во Институтот Хадсон во Вашингтон, Фон дер Лајен, исто така, рече дека дијалогот меѓу Израел и неговите соседи мора да продолжи, пишува британски The Guardiuan.
„Видовме арапски улици полни со гнев низ целиот регион. Значи, ризикот од регионално прелевање е реален“, рече таа, додавајќи дека „Иран, покровител на Хамас, сака само да го разгори пламенот на хаосот“.
Катаиб Хезболах, моќна вооружена фракција со блиски врски со Иран, ги обвини САД дека го поддржуваат Израел во „убивањето невини луѓе“ и рече дека треба да го напуштат Ирак. Во изминатите години, иранските милиции во Ирак редовно ги напаѓаа американските сили во Ирак. Ваквите напади престанаа со прекинот на огнот што беше во сила од минатата година, а Ирак уживаше период на релативен мир.
ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED SABER