Нападнат градоначалник додека славел изборна победа
Новоизбраниот градоначалник на германскиот Фрајбург Мартин Хорн (33) повреден е во напад во текот на прославата на изборната победа во неделата навечер, а личноста која му ги нанела повредите е уапсена.
Станува збор за последниот во низата на напади на политичари во Германија, после ранувањето на кандидатот за градоначалник на Келн и градоначалникот на Алтена изминативе месеци.
Независниот кандидат Мартин Хорн се здоби со скршеница на носот, забите и модрици по телото. Неколку часа пред нападот, Хорн го победил на општинските избори противкандидатот од редовите на Зелените, Дитер Саломон.
Портпаролката на полицијата, Лаура Риске соопшти дека мотивите на 54 годишен осомничен напаѓач, се уште не се познати, но констатирано е дека имало психолошки проблеми.
„Во моментов работиме под претпоставката дека зад нападот не стојат политички мотиви“ – изјавила Риске.
