Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападите во Келн се планирана акција

Нападите во Келн се планирана акција

Министерот за правда и заштитата на правата на потрошувачите на Германија, е со мислење дека нападите врз жените за новогодишната ноќ во Келн се порано подготвена и планирана акција. Ова тој го изјавил во интервјуто објавено денеска од „Bild am Sonntag“.

„Ако слична толпа се собере, за да изврши кривично дело, тоа ве наведнува на мислата дека сето тоа било под една или друга форма планирано. Никој да не ми објаснува дека тоа не било организирано и подготвено“, изјавил министерот.

Тој исто така не ја исклучил можноста да постои врска помеѓу настаните во Келн и нападите врз жените во други германски градови. „Има сомнение дека бил избран одреден датум кога се собира соодветно количество луѓе. Во таков случај настаните стекнуваат со сосема различни димензии“, истакнал Мас.

„Оние кои учествувале во овие напади, се криминалци, и со нив треба да се постапува како со криминалци“, додал уште германскиот министер за правда.

Покрај тоа, бројот на жалби за сексуално малтретирање во Келн продолжува да расте. Само за еден ден нивниот број е зголемен двојно и тие достигнаа до 379.

Слично

Поврзани вести