НАПАДИ ВРЗ СПАСУВАЧИ, СЕ ПУКА, СЕ КРАДЕ СÈ ШТО МОЖЕ: Шефот на хрватскиот тим во Турција зборува како е таму
Екипите за спасување во Турција сè повеќе се соочуваат со
конфликти меѓу локалното население, заедно со употреба на огнено оружје,
кражби, грабежи и воена интервенција, потврди во телефонски разговор за Нови
лист Синиша Бадовинац, командант на теренските операции на хрватскиот тим, пренесува Индекс.хр
Тој рече дека е тешко да се работи без помош на полиција или војска, а во близина на еден од нивните тимови за пребарување во саботата дошло до конфликт меѓу две поголеми групи локални жители, имало и пукање, а се вклучила и војската.
„Колегите од Украина, со кои го делевме подрачјето за пребарување, беа нападнати за време на претресот, а нивниот командант ги повлече сите сили во базата, од која веќе не излегуваат на терен без полициска придружба“, изјави командантот Бадовинац.
Тој вели дека во градот сè е ограбено, аптеки, бензински пумпи, продавници. Како што појасни, на секои 100 метри на улиците се оставаат залихи од вода, храна и облека за населението за да може да ги земе.
Хрватскиот тим е составен од 41 лице, има седум екипи со кучиња трагачи, но многу скоро би можеле да заминат за Хрватска. За жал, потребата за пребарување е речиси бесмислена, велат тие.
