НАПАД: Загинаа 70 луѓе на митинг, а над 30 се ранети
Во самоубиствен бомбашки напад на изборен митинг во близина на Квета, Пакистан 70 луѓе загинаа, а повеќе од 30 се ранети.
Неколку часа претходно бомба експлодира на друг изборен митинг во северозападниот дел на земјата, каде загинаа четири луѓе.
Бомбашкиот напад кој се случи денеска е најсмртоносниот во Пакистан откако две бомби експлодираа пазар во Парачинар во јуни лани, при што загинаа речиси 100 лица. Во денешната експлозија загина Сираџ Раисани, кој се кандидираше за место со новоформираната партија Балочистан Авами. Раисани загинал додека го носеле кон блиската болница. Во друг самоубиствен напад неделава 23 лица загинаа на настан во организација на Националната партија Авами во Пешавар. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, во кој загина политичарот Харун Билор. Ситуацијата е сè понапната во Пакистан како што се приближува денот на гласањето. Предизборното насилство не е нова појава во Пакистан.
