Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напад во црква за време на венчавка

Напад во црква за време на венчавка

Tерористички напад со нож e извршен врз христијански свештеник за време на венчавка во црква во Индонезија.

Инцидентот се случи утрово во црквата Свети Јозеф. Во нападот со повреди се здобиле свештеникот и напаѓачот. Очевидците раскажуваат дека напаѓачот бил меѓу верниците кога се слушнала мала експлозија, а потоа тој со нож тргнал кон свештеникот.

Се врши претрес во куќата на напаѓачот за да проверат дали има материјали како се прават бомби.

Индонезија е земја со најбројна муслиманска популација во светот, а поголемото мнозинство ги поддржува умерените форми на исламот. Во последната година во областа каде е извршен нападот се појави фундаментализам инспириран од Ал Каеда и „Исламска држава“.

Слично

Поврзани вести