НАПАД ВО СТОКХОЛМ: Со нож избол полицаец во вратот
Во Стокхолм, Шведска, маж со нож избоде полицаец во пределот на вратот.
Полицаецот бил избоден на скалите на железничката станица Медборгарпластен, потврдиле службениците. Во овој дел од градот има многу дилери на дрога.
Според последните информации, напаѓачот е уапсен. Еден од очевидците рекол дека уапсениот маж има околу 30 години.
Постои сомненение дека станува збор за терористички напад.
Инцидентот се случил во околу 10:30 часот по локално време.
Овој дел од градот е затворен, како и локалната градинка, а животот на полицаецот не е загрозен.
Слично
