Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД ВО ПАРИЗ: Суданец повреди двајца полицајци

НАПАД ВО ПАРИЗ: Суданец повреди двајца полицајци

Двајца полицајци се повредени денеска во инцидент пред седиштето на полицијата во француската престолнина Париз, кога маж нападнал полицаец обидувајќи се да му го земе оружјето, пренесоа француските медиуми.

Малку пред 13 часот, тројца полицајци кои вршеле надзор на улицата „Сите“ биле нападнати од маж кој се обидел да го одземе пиштолот на едниот од нив, јавува порталот БФМТВ.

Додека полицијата се обидувала да го совлада, напаѓачот со парче стакло повредил еден од полицајците, се обидел да го собори на земја и да му го одземе оружјето.

Мажот, кој изјавил дека е од Судан е совладан и приведен во блиската полициска станица каде што ќе биде прегледан од психијатар, а повредените полицајци биле испратени на лекување. Еден од полицајците се здобил со расекотина на раката, а на друг му е констатирана скршеница на прстот.

Париското обвинителство ја довери истрагата на правосудната полиција, но овој инцидент го проценува и државното обвинителство за тероризам. Повеќе терористички напади имаше во Франција и претходните години. 

Слично

Поврзани вести