НАПАД ВО ПАРИЗ: Идентификуван е третиот бомбаш самоубиец од „Батаклан“
Идентификуван е третиот бомбаш-самоубиец во нападот во париската концертна сала „Батаклан“, каде беа убиени 90 лица за време на нападите во француската престолнина на 13 ноември, кога загинаа вкупно 130 лица, соопшти полициски извор, цитиран од „Франс прес“.
Станува збор за 23-годишниот Французин, Фуед Мохамед Агад од Стразбур, кој се вратил од Сирија во 2015 година, каде што заминал во 2013 година со својот брат и група пријатели. Повеќето од нив биле приведени во пролетта на 2014 година при нивното враќање во Франција, но Фуед тогаш останал во Сирија.
Неговиот постар брат, 25-годишниот Карим сега е во притвор по престојот во Сирија од декември 2013 до март 2014 година. Карим се вратил во Франција, за да загине како „маченик“, пишува весникот „Паризиен“.
Фуед Мохамед Агад е идентификуван како третиот бомбаш-самоубиец во „Батаклан“ на крајот на минатата недела, по детална судска медицинска работа. Веќе е утврдено дека другите двајца во бомбашките напади во „Батаклан“ биле Французите Сами Амимур и Исмаил Омар Мостефаи.
