Напад во метро во Париз
Полицијата денеска информираше дека во париското метро е тешко повреден маж откако врз него е фрлена „непозната течност“, а француските медиуми го опишаа како „напад со киселина“.
Париското обвинителство соопшти дека е отворена истрага за обид за убиство.
Неидентификуваната жртва е нападната на линијата 1 (еден) на метрото, во близина на станицата Бастилја, во текот на утринскиот метеж.
Откако е евакуиран од страна на службите за итни случаи, пружена му е помош поради големите изгореници на лицето и раката.
Напаѓачот избегал по нападот.
Напади со киселина имаше и претходно во Европа, во Британија.
Слично
