НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Тројца руси се осомничени за масакрот
Турската полиција уапси тројца руски државјани осомничени дека имаат врски со вчерашниот терористички напад во Истанбул, во кој 10 лица го загубија животот, а над 15 беа повредени, соопшти денеска турската новинска агенција Доган.
Во полициската акција биле запленети документи и компакт дискови, што биле пронајдени кај осомничените.
Мотивот за апсењето на русите не е јасен, а од рускиот конзулат во Анталија потврдуваат дека се притворени нивни државјани, поради сомнение дека се поврзани со Исламската држава.
Претходно, министерот за внатрешни работи Ахмед Давутоглу изјаи дека бомбашкиот самоубиец, кој се разнесе пред Сината Џамија бил 28 годишен сириец.
Полицијата во Анкара уапсила и 15 лица поврзани со ИСИС кои се осомничени дека спремале терористички напади.
